
Ацко Ангелоски (74г.) од Тетово, го довери своите очи на тимот на Систина Офталмологија и направи операција на катаракта со имплантирање на монофокални леќи на двете очи. Тој своите прегледи ги направи во дијагностичкиот центар во Тетово со Д-р Ирина Петроска, додека пак за операцијата дојде во болницата во Скопје, каде беше опериран од страна на Д-р Илир Османи.
Ацко носел очила и за далечина и за блиску, но со тек на време неговиот вид значително се намалил и почнал да му претставува проблем и да му создава немир, особено при возење. При разговорот, тој ни се пожали дека му било тешко да ги види и распознае сообраќајните знаци.
“Првиот вчепаток кога дојдов во Систина Офталмологија беше чиста 10ка, чисто, уредно и организирано. Презадоволен сум и од персоналот кој работи во дијагностичкиот центар во Тетово како и од персоналот во Скопје. Имам само пофални зборови. Тие се сосема љубезни, услужни и секогаш насмеани. Тоа многу му значи на човек кога ќе види насмеани лица и кога персоналот е секогаш тука за секаков совет.” – раскажа тој.
Кога го прашавме какво беше неговото искуство за време на операцијата како и после истата, тој ни одговори:
” Незнам колку траеше операцијата но знам беше релативно кратко, лесно поминав. Ме примија, ме подготвија, влегов во сала и после тоа за кратко отидов дома. Уште на пат кон дома, веќе приметив дека гледам многу појасно. Сега се чувствувам и гледам супер, јасно, чисто… Немам никакви потешкотии со очите и не ми се потребни очила да гледам јасно. По операцијата ми е многу поубаво, раат сум. Сега гледам без никакви очила за далечина, ќе земам само очила за блиску.”
Тој своето прво око го оперираше во Мај, а пред неколку недели одлучи повторно да не посети, за да го оперира и второто.
