
Тимот на Систина и Промедика Офталмологија зазема учество на 42. ,,ESCRS 2024” конгрес кој се одржа во Барселона, Шпанија со почеток од 6 Септември и истиот траеше четири дена.
Нашата очна болница беше претставена од Доц Д-р Билјана Костовска, нејзините специјализантки Д-р Ера Тетиши и Д-р Мартина Софронијевиќ, Д-р Кристина Шишарица, Д-р Наум Трпеноски и Д-р Ивана Петковска.
За време на овој престижен конгрес, Доц. д-р Билјана Костовска беше еден од менторите на работилницата “Cataract Surgery Learning Lab“ и за време на истата на учесниците им пренесе клучните хируршки вештини и знаења потребни за успешна кариера во катарактната хирургија.
Погледнете дел од сликите подоле.




