
Студентите по медицина на King`s Colledge London, според Qualtrix анкетата, спроведена од PLX Aкадемија сметаат дека комуникациските вештини им овозможуваат на медицинските работници професионално да напредуваат, а пациентите да имаат подобри клинички резултати и повеќе позитивни искуства. Повеќето студенти мислат, дека комуникациските вештини треба да бидат дел од нивната наставна програма на King`s College London. Според нив, “ слушањето на пациентите“ е најважна комуникациска вештина, после која следат : емпатијата , професионализмот , дигиталните вештини , лидерството , итн.
Анкетата е направена во декември 2022, и испратена 50 студенти од втора и трета година од Индија, Велика Британија , Египеt и Ирска, од кои 13 одговорија на истата. Од нив било побарано да се изјаснат за важноста на одделните фактори кои влијаат на квалитетот на комуникацијата на здравствените работници и нивните пациенти, рангирајќи ги од највлијателни до неважни.
Најголем број на студенти, скоро 85 % , се изјасниле дека комуникациските вештини се важни за здравствените работнициза да можат напредуваат во нивната кариера ; 77 % се согласиле дека комуникацијата на докторите и медицинските сестри со пациентите е важна за пациентот да биде задоволен и да има подобри клинички резултати ; додека 23 % само делумно се согласиле со oоваа изјава.
Секогаш актуелно прашање меѓу медицинските работници е burnout –от. По однос на ова, eдна третина од учесниците во анкетата, се согласиле дека wellness програмите се важни и помагаат за одржување на ментална и физичка благостојба на вработените во здравството; 46 % од испитаниците делумно се сложиле со оваа изјава; додека останатите студентите не се согласиле воопшто.
Бројот на студентите кои кои одговорија на испратениот прашалник, не е доволен за да се донесе генерален заклучок, за важноста на комуникациските вештини во здравството и за потребата од нивно изучување. Сепак, анкетата покажува очигледен тренд дека студентите јасно ја препознаваат позитивната врска меѓу комуникациските вештини и напредувањето во кариерата , добрите клинички резултати на пациентите и позитивни искуства на пациентите за време на здравствената грижа. Останува , високо образовните институции и останатите надлежни да го препознаат важноста на ова прашање.
PLX Академија ќе продолжи да ги следи истражувањата и иновациите на полето на комуникациите и организацискиот менаџмент во здравствената грижа, и да придонесува со континуирани тренинзи, обуки и советувања за да медицинскиот персонал и болниците обезбедат индивидуален и вкупен раст и развој, како за себе така и за пациентите.
Анкетата ја спроведе Каја Секуловска, студент на King`s College Лондон.