
Главна медицинска
сестра
Снежана Ујевиќ е родена на 04.12.1968 година во Скопје, С.Р. Македонија.
Средно медицинско образование завршува во средното медицинско училиште „Д-р П. Караѓозов“ –Скопје, отсек општа медицинска сестра.Во 2009 година завршува обука за прематурна ретинопатија во Белград и Нови Сад, а во 2010 година дипломира на Високата медицинска школа во Битола.
Во клиниката за очни болести во Скопје е медицинска сестра, инструментарка и кабинетска сестра за прематурна ретинопатија од 1994 до 2010 година. Во 2010 година е главна медицинска сестра во поликлиника „Корнеа Медика“, а од 2012 година е дел од тимот на Систина Офталмологија додека од 2016 година е главна медицинска сестра.
Членство
- Член на управен одбор на Асоцијација за дезинфекција и стерилизација на Р.С. Македонија (ДСАМ)
- Член на Здружение на медицински сестри,техничари и акушерки на Р.С.Македонија
- Член на Секција на офталмолошки сестри и техничари на Р.С.Македонија
- Член на Македонско здружение за контрола на интахоспитални инфекции (МЗК ИХИ)
Дополнителни едукации
Посетува многубројни едукации како во земјата така и во странство. Некои од нив се:
- Во 2011 година завршува школа за стерилизација и дезинфекција – прво ниво, WFHSS за репроцесирање на медицински инструменти и прибор.
- Во 2015 е на едукација за рефрактивна хирургија (ласерска корекција на диоптрија) во „Клиника Светлост“, Хрватска
Учество на конференции
Зема активно учество на национални и меѓународни конференции. Некои од нив се:
- Прва интернационална конференција „Поставување на нови стандарди во централна стерилизација“ Скопје 2011
- Работилница на тема „Со деконтаминација и валидација кон безбеден стерилизиран производ“ – ДСАМ Скопје 2012
- Прва интернационална конференција „Нови трендови во стерилизација и дезинфекција“ Белград 2012
- Втор офталмолошки сестрински симпозиум со меѓународно учество, Охрид 2013
- Стручна презентација „Проверка, припрема и пакување на инструменти за стерилизација“ ДСАМ, 2014
- 15-ти Светски Конгрес за стерилизација, Прага 2014
- Конференција за документација на сестринска и акушерска нега (ЗМСТАМ), Охрид 2014
- 16-ти Светски Конгрес за стерилизација, Лил, Франција, 2015 со презентација од ДСАМ
- Стручна средба на тема „Дезинфекција на здравствени установи – зошто и како?“ ДСАМ, Скопје 2015
- Меѓународен семинар на тема „Никогаш доволно претпазливост, знаењето е сигурност“ Загреб 2015
- I Меѓународен Симпозиум „Да дезинфицираме и стерилизираме според стандарди,да споделиме знаење“ ДСАМ, Охрид 2015
- Стручна средба „Навиката да ја усвоиме, отпадот да го одвоиме, безбедно да работиме“ ДСАМ Скопје 2016
- Презентација на тема „Дезинфекција и инспекција на микрохируршки инструменти“- ДСАМ, Битола 2016
- Трет Симпозиум со меѓународно учество на офталмолошки сестри и техничари со презентација „Корекција на рефрактивни аномалии“ Охрид 2017
- 18-ти Конгрес на Офталмолози со самостојна тема „Медицинската сестра во рефрактивната хирургија“ Аранѓеловац, Србија 2017
- Стручна средба на тема „Дезинфекција на површини и инструменти“ – (ДСАМ) Дојран 2017
- Конференција на ЗМСТАМ, Скопје 2018