Девојче на возраст од 7 год., здрава, со уреден ПМР, на иницијалниот преглед  родителите даваат податок за искривување кон надвор на десното око.

На 5 год. возраст е дијагностицирана хиперматурна катаракта и перзистентна артерија хиалоидеа од ПНО кон заден пол на леќа на десното око, видната острина не се подобрува со корекција и изнесува 0.02.

На 18.08.2022 год. оперативен третман на катаракта и имплантација на монофокална интраокуларна леќа на десното око, еден месец по операцијата видната острина изнесува 0.1.

Ординирани се очила со прогресивна диоптрија од +3.00 до +6.00 спх на десното око и даден е совет за оклузија на левото око. По 6 месеци видната острина изнесува 0.25 и родителите даваат податок дека не забележале повторно искривување на десното око.