
Од 12-ти до 14-ти Септември 2024, во Белград, Србија, се одржа престижен конгрес организиран од Здружението на офталмолози на Србија, кој ги собра водечките офталмолози и лекари од регионот. Во рамки на конгресот беше одржан и 9. Симпозиум „Современи трендови во офталмохирургијата“, на кој беа претставени најновите техники и истражувања во областа на офталмолошката хирургија.
Доц. Д-р Билјана Костовска, специјалист офталмолог од нашата болница, учествуваше на настанот и беше воедно и една од предавачите на конгресот. Во рамките на сесијата за витреоретинална хирургија, таа одржа предавање на тема: „Dilemmas in combined anterior and posterior segment surgery“. Низ својата презентација, Доц д-р Билјана Костовска ги истакна предизвиците и дилемите со кои се соочуваат хирурзите за време на нивната работа.
Дополнително на настанот беше присутен и Д-р Љубен Ангеловски од Систина Офталмологија.
Ова учество ја потврдува нашата улога како лидери во офталмологијата во земјата и нашата посветеност на развојот на најновите медицински практики. Како водечка болница во областа, горди сме што нашите офталмолози се присутни на меѓународните настани, каде што ги споделуваме нашите искуства со колеги од други земји, со што придонесуваме за унапредување на офталмолошката грижа за пациентите.



