На 22.04.2016 во Скопје, беше одржан првиот стручен состанок на Здружението на офталмолози на Република Македонија, на којшто беа презентирани и дискутирани искуствата и мислења од офталмолози од државни и приватни медицински установи, на тема: “ФАКО-хирургија на катаракта – предизвици и компликации”.

Д-р Златко Арнаудовски, стручниот директор на Систина Офталмологија и еден од најдобрите хирурзи во областа на катарактната хирургија, на своите колеги ги презентираше искуствата од примената на светските новитетите во оваа област. Систина Офталмологија е единствената специјализирана очна болница во Македонија, која ја соединува рефрактивната со катарактната хирургија со примена на ФАКО – методата. Со вградување на мултифокалните леќи, се остранува катарактата и се овозможува вид на блиску, средина и далеку, додека со торичните леќи се корегира и астигматизмот (цилиндер). При селектирањето на правилните кандидати за мултифокални и торични леќи, Систина Офталмологија располага со најсовремената технологија со која се добиваат точни и прецизни параметри, како што е пентакамот.

Леќите со нов технолошки дизајн (леќи за рефрактивна катарактна хирургија) ќе продолжат да ја зголемуваат нашата можност за изведување безбедни операции се со цел да им овозможиме на нашите пациенти најдобри можни резултати и совршен вид без катаракта и диоптрија.