
Спец. офталмолог и хирург д-р Билјана Костовска учествуваше на 12-тиот Меѓународен офталмолошки симпозиум преку виртуелен пат кој се одржа на 04.12 2021 година. Д-р Билјана Костовска зборуваше на темата: „Дали е можна примена на проактивен третман со подолги интервали на дозирање на aflibercept и кај пациентите со РВО?“
Aflibercept e лек кој што се индицира кај пациентите со макуларен едем по инклузија на ретинала вена, оклузија на гранка или централна ретинална вена. Кај пациентите се започнува со месечно аплицирање на афлиберцепт се до постигнување на посакувана максимална визуелна острина. Понекогаш се потребни три или повеќе готови апликации, потоа третман ќе биде продолжен со режимот на Третирај и Продолжи, се до постигнување на стабилноста на состојбата кај пациентите.
Експертите на ЕУРЕТИНА и нивна препорака за индивидуалниот дозен режим кај пациентите со ретинална венска оклузија, златен стандард при терапија на ретиналните венски оклузии е анти-ВЕГФ терапијата. Третманот со афлиберцепт овозможува продолжен третман и интервали по иницијални месечни дози од 3 до постигнување на стабилна видна функција и физиологија и анатомија на патологија кај пациентите. Со користењето на бизумапот потребно е месечно третирање на пациентите, се до година, за разлика со афлиберцепт каде што овие контроли се пореките во следната година.
Како заклучок на својата тема„Дали е можна примена на проактивен третман со подолги интервали на дозирање на aflibercept и кај пациентите со РВО?“ д-р Билјана Костовска изјави дека ретиналните васкуларни заболувања може ефективно да бидат третирани со еден индивидуализиран третман на режимот Третирај и Продолжи, се со постигнување на што поголема редукција и финансиско трошење, како на самите пациенти така и на болниците.
Предаватели на симпозиумот беа – проф.д-р Весна Димовска Јорданова, проф.д-р Миа Зориќ Гебер, проф.д-р Наташа Видовиќ Валентинчич, доц.д-р Борна Шариќ, д-р Билјана Костовска, д-р Наташа Трпевска Шеќеринов и претставници на Pharma S. Симпозиумот го следеа и останатите доктори специјалисти и специјализанти од Систина Офталмологија, како и останати заинтересирани од областа на офталмологијата.