
Од 05.04 до 07.04 Систина Офталмологија присуствуваше на Првиот конгрес на македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега – МЗМСАРИН на тема ”Со едукација до искуство”. Конгресот беше одржан во хотел “Аквалина” во Охрид и на истиот присуствуваа 240 медицински лица од државните и приватните здравствени институции.
На конгресот освен медицински лица од Македонија, присуствуваа и гости од Србија, Црна Гора и Хрватска.
За време на конгресот беа презентирани 25 теми и се одржаа работилници со цел да се разменат искуства, новитети и практични примери помеѓу посетителите.
Подолу може да погледнете дел од сликите и атмосферата.




