
Од 8 – 20 Септември 2023 во Boston, USA се одржа 7-от по ред Patient Experience Symposium, настан кој ги собира светските лидери во здравствената грижа (медицината, менаџментот и науката) од најголемите здравствени центри како Clevelend Clinic, Boston Children Hospital, Harvard Medical School, кои се посветени на подобрување на искуството на пациентот (Patient Experience) и трансформирање на здравствената грижа за подобрување на безбедноста и квалитетот на здравјето на пациентите но и оние кои се грижат за пациентите. Систина Офталмологија и PLX Academy беа присутни преку учеството и презентацијата на Д-р Весна Чадо.
Меѓу присутните беа: Zeev Neuwirth MD извршен директор за здравствена заштита, автор и водител на подкаст; Laura Cooley PhD , главен уредник на академскиот весник Journal of patient Experience, Helen Riess, M.D вонреден клинички професор по психијатрија на Harvard Medical School и директор на програмата за емпатија и релациона наука во општата болница во Massachusetts; James Merlino извршен потпретседател и главен директор за иновации во JCI, како и многу други.
Програмата на конгресот опфати многу различни аспекти од здравствената грижа меѓу кои: како подобро да се организира лекувањето на пациентот за истовремено да се обезбеди позитивен медицински но и финансиски резултат; примери како технологијата може да го олесни лекувањето на пациентите но и да ја задржи хуманата димензија во грижата на пациентот; каква е улогата на лидерството во креирањеото на вистинската културе за грижа насочена кон пациентот; како да се подобрат комуникациските вештини на врабтоените и нивното задоволство од работата која ја работат. Д-р Весна Чадо беше поканета да учествува со својот постер презентација на овој симпозиум за своето истражување “Patient Luxury Experience(PLX);How patients experience luxury in medical services?”
Д-р Чадо рече: “Конференцијата беше извонредна можност да се поврзам и научам од колегите – со кои делиме исти вредности за здравствената грижа и кои раководат со водечките здравствени системи во Америка. За време на разговорите разменивме идеи, проекти и практични стратегии и алатки за тоа што е потребно и што реално функционира во праксата и за пациентите но и за оние кои работат во болниците. Во основа се сведува на континуирана грижа за човекот преку организација, технологија и подобрување на комуникациските вештини. Голем дел од програмите во големите здравствени системи, покрај медицинска обука, вклучуваат тренинзи за комуникација, тимска работа и емпатика како клучни за подобрување на медицинските резултати кај пациентите но и за подобрување на well-being-от кај вработените и намалување на “burnout”. Важни беа и сведочењата на присутните пациенти со долга листа на медицински интервенции како на пр: пациентот Lee Tomlinson, пациентот амбасадор на Stanford CCARE кој ја сподели неговата приказна и јасно упати на она што е најважно за пациентот: емпатијата и безбедноста.
Во контекст на предходното, сакам да додадам дека бев пријатно изненадена од јавните признанија што Американските колеги ми ги дадоа за напорите, респурсите и истражувачката работа кои Систина Офталмологија ги инвестира во препознавање на значењето на важноста на човекот во здравствената грижа во овој дел од Европа. Меѓу останатото, нашата болница е прва во Европа која веќе неколку години има свој PX Office кој во координација со медицинскиот дел од тимот учествува во организацијата на работењето, обезбедување на стандардите за квалитет, грижата за вработените и контиунуираните обуки за комуникациски вештини и тимска работа преку PLX Academy. “
Настанот беше организиран и спонзориран од IDC, HNC Health, Journal of patient experience, Qualtrix, GCX Health Solutions и многу други спонзори подржувачи на грижа фокусирана кон пациентот.