Од 8 – 10 Септември во Виена се одржа Конгрес на Европско здружение на хирурзи на катаракта и рефрактивна хирургија, каде имаше повеќе од 14000 присутни.

На конгресот беше присутна и Доц. Д-р Билјана Костовска, која го подели искуството со имплантацијата на најновите видови на леќи во областа на рефрактивната хирургија во Систина Офталмологија.

Следејќи ги новитетите во офталмологијата на светско и европско ниво, со нашето присуство на овој конгрес, уште еднаш го докажуваме нивото на квалитет и стандарди на Систина Офталмологија во имплантацијата на последните напредоци во рефрактивната хирургија и подобрување на квалитетот на животот на луѓето.

Повеќе информацци за конгресот може да погледнете на следниов линк: https://congress.escrs.org/