
Нашата главна медицинска сестра, Снежана Ујевиќ одржа предавање на едукативниот настан во организација на Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје при УКИМ, поддржан од Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација на Република Македонија-DSAM, на тема: Дезинфекција и инспекција на хируршки инструменти.
Дезинфекцијата и инспекцијата на хируршките инструменти се важни аспекти од процесот на одржување на хигиената и безбедноста во медицинските установи, поради спречување на инфекции, одржување на безбедноста на пациентите, како и заштита на здравствените работници.
Едукативниот настан се одржа на 26.05.2023 на Стоматолошкиот факултет -Скопје.