„20 лица успешно ја отстранија својата диоптрија и засекогаш се ослободија од очилата и леките. Овие ласерски операции беа изведени во текот на вчерашниот ден во специјалната очна болница „Систина Офталмологија“. Д-р Габриќ, хирург од клиниката Свјетлост во Загреб, кој ги изврши овие операции вели дека пациентите веднаш по операцијата можеле да читаат 100 посто.

Операцијата како што нагласи д-р Габриќ е сигурна и безболна и може да се изврши само кај полнолетни лица. Една ласерска операција за корекција на диоптријата трае не повеќе од 5 минути и истата чини околу 1.500 до 2.000 евра.

– Имаше дури и солзи од страна на мајките кои ги придружуваа своите деца и задоволство е кога ќе направите таква работа, морам да ја пофалам докторката Костовска која вчера исто така самостојно изврши една операција. Веќе 25 години се отстранува диоптријата, над 50 милиони луѓе ја отстранија диоптријата и јас пред 8 години ги оперирав своите очи, како и 10 доктори од клиниката „Свијетлост“ и 7 медицински сестри. Ние веруваме во таа операција и сме сигурни дека правиме добри работи и ги правиме луѓето среќни и задоволни без очни помагала, истакна д-р Габриќ.