
Нашиот офталмолог, д-р Бобан Сотировски, зазема учество на престижниот настан “EMPOWER Ophthalmology Preceptorship”, кој се одржа од 10 до 11 Oктомври, 2024 година во Лозана, Швајцарија. Настанот се одржа во реномираната офталмолошка болница Jules-Gonin, која постои веќе 180 години и е меѓу најдобрите офталмолошки болници во Европа.
За време на настанот, Д-р Бобан Сотировски имаше можност да сподели знаење и искуство со други врвни офталмолози од различни делови на светот и од областа на медицинската ретина. За време на настанот, Д-р Сотировски и останатите учесници разговараа за најновите трендови во офталмологијата, новите технологии, како и напредокот во третманот на различни очни заболувања. Освен теоретскиот дел, настанот вклучуваше и работилници, каде тој исто така учествуваше.
Учеството на вакви меѓународни настани е од голема важност за тимот на „Систина Офталмологија“, бидејќи ни овозможува постојано да го надградуваме нашето знаење и да ги применуваме најдобрите практики за нашите пациенти. Секогаш стремиме да бидеме лидери во офталмологијата во регионот и продолжуваме да бидеме посветени кон тоа да пружиме најдобра грижа за нашите пациенти.
