
„Смислата на театарска уметност, е да ги допре емоциите на гледачите, да им ја раскаже приказната на разбирлив за нив начин, да ги наведе да размислуваат, да сочувствуваат, да се поистоветуваат и да носат вистински решенија. Тоа е luxury experience во театарската уметност“ вели Александар Ношпал.
Александар Ношпал , наш познат костимограф, сценограф и моден дизајнер, кој во портфолото има повеќе од 80 театарски остварувања и стотици модни креации, наскоро ќе го оствари својот најголем сон: ќе изработува костими за познатата балетска куќа, операта Гарние во Париз. Неговите убави и инспиративни костими, може да се видат кај нас и на светските сцени – Бољшој театар и оперите во Лајпциг и Дизелдорф – во многу театарски, оперски и балетски претстави – „Оревокршачка“, „Лебедово Езеро“, „Жизел“, „Ана Каренина“, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Кројач за дами“ и други. Во Македонија, во сеќавање на публиката се неговите креации за четири евровизиски претставници – музичката групата ХХL , Каролина Гочева, Тоше Проески и Тамара Тодевска. Интересен е податокот дека Ношпал е и идеен творец на гардиската униформа на Армијата на Северна Македонија.
Со него разговараме за неговото искуство во Систина Офталмологија, и за она што ја поврзува уметноста со медицината , односно ги прави клиентите задоволни.
Oд аспект на костимографијата и сценографијата, што е luxury experience во театарот?
Костимографијата и сценографијата се „занаети“, исто како што и медицината е „занает“. Кога велам така, пред се мислам на комуникациските способности и на работните вештини , со кои што ќе ги разберете и препознаете потребите на клиентите и ќе им излезете во пресрет. За да може да го постигнете тоа, покрај експертиза, треба да ја сакате својата работа и да сте посветени. Luxury experience e искуство кое произлегува од човечките односи, од слушањето и едуцирањето на клиентите. Смислата на театарска уметност, е да ги допре емоциите на гледачите, да им ја раскаже приказната на разбирлив за нив начин, да ги наведе да размислуваат, да сочувсвуваат, да се поистоветуваат и да носат вистински решенија. Всушност костимографијата и сценографијата играат клучна улога во остварувањето на естетската дименизија на театарската уметност. Таа може да ги „освои“ гледачите, исто како што етичката дименизија може да ги „освои“ пациентите.
Познат сте по совршената изработка на убави и инспиративни костими. Може ли публиката да ги види деталите на изработката?
Секако дека може да ги видат деталите , ако имаат остар и јасен вид J . Минуциозниот, детален пристап за костимографот и сценографот е важен, како што е важна деталната анамнеза за докторот или неговиот пристап кон пациентот: детално да му објасни се во врска со болеста и на ист начин да ги сослуша неговите желби и потреби. Само на тој начин може да се градат позитивни искуства. Досега, во мојата тридецениска кариера, не сум направил компромис во однос на изработката на костимите. Перфекционист сум , а тоа публиката не само што го гледа, туку и го наградува вложениот труд и позитивната енергија , стекнува доверба и се враќа во театарската сала.
Што е „haute couture“ oдносно висока мода во медицинската грижа ?
Кога говориме за офталмологија, имам високи критериуми, зашто растев покрај чичко ми, познатиот офталмолог Владимир Ношпал . Од мали нозе одев на редовни прегледи и се грижев за видот и за очите.
Со сигурност можам да кажам дека она што ќе го добие пациентот во Систина Офталмологија е haute couture во медицинската грижа. Во болницата е како да се наоѓате во некое од екслузивните и софистицирани атељеа за висока мода во Париз. Кога работев во модната куќа „ГРЕ“ како асистет на главниот дизајнер, од сите страни бев опкружен од „малите раце “ на професионалниот тим на шивачи. На иста професионалност наидов кај целиот тим на Систина Офталмологија, вклучувајќи го пријателскиот однос и извонредна експертиза на „маестрото“ или на д-р Златко Арнаудовски. Опременоста и условите во болницата, исто како оние во атељето, нудат изворедни матерјали и техничка опременост. Мојот проблем со видот беше лесно и успешно решен, а моето искуство во болницата – одлично.
Што е најважно за пациентот да биде задоволен. Eкспертизата? Опременоста? Односот на медицинскиот персонал? …. или нешто друго?
За да пациентот биде задоволен, мислам дека сите набројани аспекти се важни. Мене најголем впечаток ми остави и најважна ми беше љубезноста, насмевката и непосредноста на целиот медицински тим во Систина Офталмологија. Секако, дека без современата апаратура и високата едукација и обученост на медицински тим , не би имале резултати и задоволни пациенти како досега.
Како нашата грижа ќе влијае на вашето секојдневие и работа?
Сега, откако мојот проблем со видот е решен, можам да уживам во секојдневниот „поглед“ на работите и непречено да работам , односно креирам. Особено важни за мојата професија се здрави очи, остар и јасен вид . Само така можам до совршеноство да ги изработам деталите, да го остварам перфекционизмот кој ми е многу важен во изработката на костимите, моделите, сценографијата. Вашата грижа ми помага во тоа, и има многу позитивно влијаее на мојата работа.
Целото интервју може да го погледнете тука.