На 8-ми Ноември, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид го одбелжа својот патронат.

На прославата дечињата ги покажаа своите таленти во музика и глума. На прославата присуствуваше и Др. Златко Арнаудовски, директорот на очната болница Систина Офталмологија, кои во континуитет со донации ја помагаат работата на ова училиште. Имено минатата година Систина Офталмологија донираше штампач за подготвување и пишување на материјали со Брајово писмо и потребен потрошен материјал, а со донации продолжува и оваа година.

Државното училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ е единствено училиште од ваков вид во Македонија и во него се образуваат и стручно се оспособуваат 58 ученици од целата држава.

Дел од овие дечиња се и наши пациенти, и ние свесни за нивните потреби продолжуваме и оваа година со донација на потрошен материјал за подготвување и пишување на текстови со намера да им се помогне и да им се олесни школувањето.