Што е катаракта(перде), кои се симптомите на оваа болест, начини на лекување и коии се новитетите во нејзиниот третман.

Што е всушност катаракта или нардоски кажано перде?

Катаракта (перде) е една од најчестите очни болести која се појавува на постара возраст, болеста се јавува како последица на природниот процес на стареење кој доведува до заматување на природната леќа. Како што се заматува леќата така се намалува и видот.

Кои се симптомите – како може да се препознае дали имаме катаракта?

Симптомите на катаракта се манигестираат со заматување на видот, губење на контраст и заблескување при јако светло. Може да се појави и двојна слика, а честопати се јавуваат и проблеми при читање, гледање ТВ и возење.

Кои се начините за третман на оваа состојба?

Единствен начин на кој може да се отстрани катарактата е со хируршка интервенција, односно со светски позната ФАКО метода. При интервенцијата правиме мал рез во самото око и со помош на ултразвук се отстранува природната леќа. Веднаш потоа се вградува нова таканаречена интраокуларна леќа. Станува збор за безбедна и кратка интервенција која се прави со локална анестезија.

Што се тоа интраокуларни леќи?

Во поглед на тоа за какви леќи станува збор, класичните интраокуларни леќи се монофокални леќи, кои, како што самото име кажува, имаат еден фокус и овозможуваат по операцијата да гледате далеку без очила, но во тој случај мора да носите очила за блиску или обратно (зависи од вашата желба за вид). Со овие леќи се решава и астигматизмот (цилиндерот) и тие се викаат торични леќи.

Покрај монофокалните леќи најновата генерација на мултифокални леќи се трифокални леќи, кои освен што добивате добар вид на близу и далеку, овозможуваат и добар вид на средна далечина, што е многу значајно за пациенти кои подолго време работат на компјутер. Со помош на овие леќи, ќе можете без очила да читате весници и книги, да се бричите или шминкате, да гледате во телефон, да работите на компјутер, да гледате ТВ, да возите автомобил, да се бавите со спорт и да ги обавуваме вашите секојдневни активности.