Зениците во темнина се пошироки отколку преку ден. Исто така, кога се прави супспецијалистички преглед на окото се шират зеници за детално да се провери окото. По направениот преглед видот ќе ви биде заматен и почувствителен на светлина, па работење и возење се едни од работите што треба да ги избегнувате. Освен возење и работење, постојат и некои други работи што не се препорачуваат да се прават додека зениците се широки.

  • Не седете на сонце, доколку мора да седите нека биде со очила за сонце. Вообичаено кога гледаме кон светлина или сонце, зениците го заштитуваат окото и автоматски се стегаат (смалуваат), но кога тие се проширени со помош на капки, зениците не можат да го заштитат окото и остануваат широки, со тоа постои шанса очите да се оштетат од УВ зрачење.
  • Не користете дигитални екрани. Сината светлина што се емитува од дигитални екрани може да придонесе за напрегање на очите. Додека вашите зеници не се вратат во нормала по проширувањето, ограничете го времето поминато на екранот и изложувањето на сина светлина.
  • Не се обидувајте да читате ситни фонтови. По проширувањето на зениците, вашиот вид ќе биде заматен. Иако е можно да читате мал текст во книга или на телефонот, може да предизвика замор на очите и главоболки.

Понекогаш кај некои пациенти зеницата може да е приширена и следниот ден од прегледот. Тоа не е загрижувачки фактор, но доколку не ви е комфорно слободно контактирајте го вашиот офталмолог кој со специјални капки ќе предизвика вашата зеница да се врати во нормала.