
Повеќе од 200 гости присуствуваа на регионалниот Симпозиум на офталмолози „Новитети во офталмологијата“ кој се одржа во саботата (05.11.2016) во хотел „Мериот” во Скопје. Симпозиумот, кој беше во организација на очната клиника Систина Офталмологија под покровителство на универзитетската клиника Свјетлост од Загреб, на едно место соедини офталмолози од Македонија, Косово, Србија, Хрватска. Oфталмолозите од регионот имаа можност да разменат искуства и да дознаат повеќе за новитетите во офталмологијата и нивната примена од страна на врвни специјалисти.
Симпозиумот започна со д-р Анте Баришиќ од Свјетлост кој ги образложи новите методи во катарактната хирургија и неговите лични искуства во операциите на перде, а од д-р Златко Арнаудовски, присутните имаа можност да дознаат како се имплантираат интраокуларните леќи преку приказ на случаи на пациенти на Одделот за катарактна хирургија во Систина Офталмологија.
Новитетите во рефрактивната хирургија ги презентираше д-р Маја Бохач, а д-р Билјана Костовска ги пренесе искуствата на Одделот за рефрактивна хирургија на Систина Офталмологија која повеќе од година дена успешно ја симнува диоптријата на пациенти и им овозможува живот без оптички помагала. Истакна дека секојдневната соработка со универзитетската клиника Свјетлост помага овој Оддел постојано да се развива и да им нуди на пациентите третман на секоја нивна очна дилема исто како во светските центри.
За крос линкинг методата која се користи за спречување на прогресијата на кератоконусот зборуваше д-р Фанка Гилевска, а во вториот блок свои предавања од областа на витреоретиналната хирургија имаа д-р Ратимир Лазиќ од Свјетлост и д-р Виолета Бучкоска од Систина Офталмологија. На крајот на Симпозиумот се обрати Проф. д-р Никица Габриќ кој го искажа своето мислење во кои насоки се движи офталмологијата како бизнис во иднина.
Фотографии од настанот може да ги погледнете на нашата facebook страна.
Репортажите од Симпозиумот можете да ги погледнете тука: