

На 27.09.2020 (недела) чекоревме за хероините низ целиот свет за подигнување на свеста за женското здравје! Здружени заедно, со насмевка, позитивна енергија и преземени сите мерки на заштита направивме розова бука за „Race for the cure“ со здружението „Борка“ во Градскиот парк во Скопје. Истовремено овој настан беше обележан и во 14 други градови, како Битола, Прилеп, Охрид, Кавадарци, Велес, Ресен и други.
“Keep an eye on women’s health” беше нашето име со кое чекоревме. Превентивата за женското здравје е клучна. Секоја жена треба да се грижи за себе најдобро што може преку редовни прегледи и скрининзи, затоа што само така најдобар пријател на самата себе. За оние пак кои што успешно ја победиле битката со ракот – огромно браво за вашата истрајност и упорност.
На овој настан се обратија првата дама проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска, министерот за здравство д-р Венко Филипче, американската амбасадорка Кејт Мари Брнз и претседателката на здружението „Борка“ – Биба Додева.