Ретинолошки болести се група медицински состојби кои влијаат на ретината како макуларна дегенерација, дијабетилна ретинопатија, едем на макула и сл. Овие состојби може да доведат до нарушување или целосно губење на видот, поради што во Систина Офталмологија постојано работиме на примена на ефективни третмани и решенија за сочувување на видот.

Во соработка со Bayer организиравме работилница на која ги разгледавме и практично ги решававме комплексни ретинилошки случаи. На оваа работилница присуствуваа наши офталмолози, офталмолози од Универзитетската клиника за очни болести и млади доктори од Програмата за специјализација на Систина Офталмологија.