За успешен раст и развој на дечињата  од особено значење е да се следи развојот на видот, а со тоа и навремено да се направи првиот очен преглед. Добриот вид на далечина или на близина, просторната координација и способноста правилно да се движат и фокусираат очите – треба да се потврдат или корегираат со очниот преглед за деца. Сите проблеми со видот, ако навреме се откријат може полесно да се корегираат.

Специјалистичкиот преглед за деца вклучува целокупен увид на сите делови на окото. Oдредување на монофокална видна острина, на далеку и близу, тестирања за страбизам и стерео вид, корекција на рефрактивна грешка ( диоптрија ), капење капки и одредување на објективна диоптрија.

„Првиот офталмолошки преглед препорачливо е да се направи на возраст меѓу 4 и 6 години, но тоа не значи дека може и порано да се направи преглед особено ако се работи за семејна историја на очни болести. Нашата болница посветува многу внимание на дечињата и активно учествуваше во проектот на УСАИД за здрав вид кај децата од најрана возраст. Најчести проблеми со видот кај децата се кратковидоста, далекувидоста, астигматизмот, но и страбизмот.  Исто така чести се  хронични алергиски коњуктивити. Прегледот може да открие и т.н. мрзливо око или амблиопија,  кое ако не се открие на време понатаму тешко се корегира.  Поретко може да се дијагностицираат конгенитални промени како катаракта, птоза и колобоми.” вели д-р Викторија Филева Фотевска, специјалист офталмолог во Систина Офталмологија.

Според д-р Филева, доколку се прескокне редовниот офталмолошки преглед, може да се пропушти навремено да се утврди диоптријата и да настане слабовидост на едното или на двете очи, да се појават главоболки кај детето, тикови на трепкање и замижување, искривување на вратот. Неретко, проблемите со видот кај децата предизвикуваат потешкотии во нивното успешно следење на училишниот програм, особено во денешно време со интензивното користење на online едукацијата. Навреме окриените промени, пак, многу полесно се корегираат.

Систина Офталмологија има кабинет за детска офталмологија, располага со врвна апаратура, стручна експертиза и се што е потребно да се направи офталмолошки преглед на детенце од било која возраст. Ваквиот преглед покрај во болницата во Скопје може да се направи и во сите дијагностички центри на Систина Офтламологија и тоа: Битола, Тетово, Гостивар и Штип. Прегледот се адаптира во зависност од возраста на детето.

Во изминатите 5 години „Систина Офталмологија” со д-р Костовска и д-р Арнаудовски, заедно со УСАИД и Lajons фондацијата започнаа со Програма за ран скрининг кај децата кој е од големо значење за превенирање на очните состојби кај децата и зголемување на образовните можности за лицата со пречки во видот. Двајцата, д-р Билјана Костовска и д-р Златко Арнаудовски активно и успешно партиципираа во проектот и заедно со останатите офталмолози реализираа над 30.000  скрининзи низ државата.  На децата на кои им беа откриени очни аномалии, дополнително бесплатно се третираа и следеа во „Систина Офталмологија“, а придонесот на „Систина Офталмологија“ за овој проект во петте години се естимира дека изнесува 50.000 долари.