
Честопати, слушаме дека е потребно барем еднаш годишно да се направи детален офталмолошки преглед. Под ваквиот преглед ние подразбираме преглед со проширување на зениците или супспецијалистички преглед. Навидум изгледа страшно, но е сосема безболно и корисно за офталмолозите, за да ја проверат состојбата на внатрешните структури на окото, како очниот нерв, ретината, макулата, како и точната диоптрија. Ова е клучен чекор за превенција и лекување на очни состојби кои можат потенцијално да доведат до губење на видот.
Честопати се случува да подзамижувате додека гледате нешто. Иако тоа изгледа како нормално секојдневие, сепак значи дека време е за преглед!
Подзамижувањето е често автоматски механизам за луѓето чив вид не е јасен без очни помагала. Често не чувствуваат дека подзамижуваат додека гледаат нешто, поради тоа што е инстиктивна состојба.
Причината зошто подзамижувањето помага да се има јасен вид е поради тоа што го намалува внесот на светлина во природната леќа. Окото гледа јасно, односно има чист вид, поради светлосните зраци кои влегуваат во окото и се фокусираат на ретината.
Доколку лицето е кратковидно, светлосните зраци се фокусираат на предниот дел од ретината и не може да се гледа убаво на дистанца. Доколку лицето е далекувидно, тогаш процесот е обратен, светлината се фокусира на задниот дел од ретината и поблиските работи се матни.
Која е намената на супспецијалистичкиот преглед?
Со основен офталмолошки преглед офталмологот може само да ја одреди диоптријата, да измери очен притисок, одреди видната острина и прегледа предниот сегмент на окото (очни капаци, конјуктива, рожница, зеница и леќа), а со тоа да ви препише рецепт за очила, доколку ви се потребни. Меѓутоа, на прегледот со тесна зеница има ограничен поглед кон заднината на окото, што е многу важна за јасен вид.
Затоа, се капат капки за проширување на зениците. Првично, може да почувствувате мало боцкање кога првпат се капнуваат, но непријатноста е обично мала и краткотрајна.
Проширувањето на зеници се прави и за одредување на точната диоптрија или окото да не има скриена диоптрија (рефрактивни грешки), што уште се нарекува и циклоплегична рефракција. Капките привремено ги парализираат мускулите кои му помагаат на окото да фокусира и да ја акомодира светлината, што му овозможува на докторот да ја одреди точната диоптрија и да препише точен рецепт за очила. Се користи кај: деца, пациенти заинтересирани за ласерска корекција на диоптрија и пациенти по 40-тата година (старосна диоптрија).
Нормална зеница и проширена зеница
Со основен офталмолошки преглед офталмологот може само да ја одреди диоптријата, да измери очен притисок, одреди видната острина и прегледа предниот сегмент на окото (очни капаци, конјуктива, рожница, зеница и леќа), а со тоа да ви препише рецепт за очила, доколку ви се потребни. Меѓутоа, на прегледот со тесна зеница има ограничен поглед кон заднината на окото, што е многу важна за јасен вид.
Колку време е потребно да се прошират зениците?
Откако ќе се стават капките, обично се потребни 20-30 минути за целосно да се прошират зениците, индивидуално во зависност од вашата реакцијата на медикаментите. Потоа, офталмологот ве прегледува со светлосен микроскоп.
Какво е чувството да имате проширени зеници?
Првично, очите ви чувствителни на светлина, бидејќи зеницата е поголема и прима повеќе светлосни зраци во окото. По прегледот, добро би било да носите очила за сонце. Ќе имате заматен вид и ќе имате потешкотии при читање, но не е ништо страшно. Сепак, во вакви случаи, се препорачува да дојдете со придружба и да не возите по прегледот.
Колку време е потребно зениците да се вратат во првичната форма?
На зениците, обично им е потребно 2-4 часа да се стеснат. Кај некои пациенти може ова да трае и подолго.
Кои состојби може да се дијагностицираат со овој преглед?
- Глауком
- Макуларна дегенерација
- Дијабетична ретинопатија
- Аблација на ретина
- Окуларен тумор
- Висок крвен притисок
- Рефрактивни грешки