Пролетта и нашите очи - Насловна фотографија

Пролетта пристигна, а со неа и алергиите. Очите се вцрвуваат, чешаат. Како да знаеме дека станува збор за алергија, а не за некој очен проблем? Што да направиме за да уживаме во најубавиот период од годината?

Алергијата може да биде предизвикана од разни причини, од домашни миленичиња до парфеми, па не мора да значи дека временските промени се причината. Но, може пролетта да биде причинител за дополнителни компликации кои може да се случат на самото око, а причинителот за компликациите е токму поленот. За време на пролетта, воздухот е исполнет со полен, кој кога дишиме влегува внатре во нашето тело без ние да го почувствуваме тоа.

Пролетта и нашите очи

Кога ќе се случи алергија на самото око, симптомите се црвенило, чешање, солзење и чувство на грепкање, печење, отечени капаци и тешко чувство кога се носат контакните леќи. Може да се користат деконгестиви кои би помогнале во ваков случај, кои само ќе ги направат очите поранливи на алергените кои се пренесуваат низ воздухот. Негативната страна од користење на деконгестиви е појава на суво око. Посета на офталмолог е задолжителна за да се препише соодветна терапија, земањето на терапија на своја рака не е препорачано.

Многу е важно да се остане хидриран во текот на нападот од алергии и да се користат капки за очи кои ќе помогнат во иритацијата на окото, особено доколку се зема апчиња против алергија кои можат да го исушат окото. Добра идеја е, во овој период, да се отстранат контакните леќи и да се носат само очила, затоа што контакните леќи може да ги “заробат” алергените во самото око. Но, најбитно правило е да не се чешаат очите, колку и да е тоа тешко!

Секако поленот во возудхот не може да се одбегне, но може да се минимизира изложеноста на него. Држете ги прозорите затворени и не користете апарати кои можат да го внесат поленот во домот. Во ветровити денови, најубаво е да се остане дома или да се користи маска против полен додека сте на работа. Дури и носењето на очила за сонце или обични очила може да ги заштита очите.

Доколку имате очни проблеми поради алергијата или било која друга причина, ние сме тука да ви помогнеме. Сакаме сите наши пациенти да ја почувствуваат магијата на пролетта, без црвенила на очите!