природен лек за катаракта

Што е катаракта?

Катарактата или перде е најчестата појава во офталмологијата. Станува збор за заматување на природната леќа на окото, која мора да биде отстранета за да не доведе до можно губење на видот. Но, дали постои природен лек за катаракта?

Зошто се појавува катарактата?

Како што знаеме катарактата најчесто се создава во подоцнежните години. Како што старее телото, така старее и окото и се создава еден протеински слој на леќата, кој го заматува видот. Катарактата може да се појави и поради одредени болести кои се појавуваат во текот на животот, како што се дијабетес, хипертензија, пушење цигари, претходна операција на око, хормонска терапија и висока миопија (кратковидост). Поради тоа се препорачува да се прават очни прегледи на годишно ниво, особено доколку ги имате овие болести или сте во подоцнежни години. 

Кои се симптомите на катарактата?

Симптоми на катаракта се:

  • заматување на видот,
  • губење на контраст,
  • заблескување при јако светло,
  • двојна слика,
  • проблеми при читање,
  • гледање ТВ и возење. 

Дали може да се спречи појавата на катаракта?

Многу често прашање е дали може да се спречи катарактата пред да се појави. Се уште нема научни докази дека катарактата може да биде спречена пред да се појави или развие. Според неколку истражувања внес на витамин Е и Ц, може да влијае позитивно врз очите, без разлика дали ќе помогне во појавата на катарката, но сеуште не е научно докажано. Добар извор на витамин Е е спанаќот, бадем и семки од сончоглед, исто така добар витамин за телото е витамин Ц. 

 Дали постои природен лек за катарактата?

Катарактата е заматување на природната леќа и може да се отстрани само со оперативен зафат. Истражувањата и доказите покажуваат дека се уште не постои природен лек за катаракта и сите лекови што ги пишува по магазини, весници со рецепти за лекување на катарактата по природен пат може само да наштетат по видот,  бидејќи ќе се остави долг период на развиена катарката и постоперативниот опоравок ќе биде малку потежок, отколку остранување на штотуку развиена катаракта.

Во тек се истражувања кои индицираат дека можеби во иднина ќе може катарактата да се излечи со капки. Kaпките би биле евентуална замена за операција, но сепак се уште се истражува ризикот од појава на други очни состојби како последица на капките. И покрај се, задолжителен е преглед на офталмолог кој согласно вашата дијаноза ќе предложи конкретно решение за вашиот очен проблем.