
Редовен офталмолошки преглед за сите дечиња-првачиња!
На редовниот офталмолошки преглед се проверува преден сегмент на окото односно рефракција, диоптрија, се одредува видна острина. Овој преглед е целосно безбеден и безболен.
Прегледот се препорачува кај дечиња кои започнуваат во прво одделение. Доколку офталмологот одлучи дека треба да се направат дополнителни испитувања, истите се наплаќаат посебно.
*На барање на родителот може и електронска достава на потврдата за упис.