Ласерската корекција на диоптрија е метода која се користи во светот повеќе од 28 години преку која на брз, безболен и безбеден начин трајно се симнува диоптријата. Станува збор за една од најмодерните интервенции на денешницата.

Многу често знаеме да кажеме дека прегледот за ласерската корекција на диоптрија е еден вид систематски преглед на вашето око бидејќи се анализира секој дел од окото. Зошто е тоа важно? Кандидатот за оваа интервенција, мора да има здраво око. Под здраво око се подразбира око чија позадина нема одредени аномалии или болести кои може да доведат до компликации на видот по интервенцијата. Исклучок се лица кои имаат дијабетес или промени на позадината на окото кои може да се третираат со ласерфотокоагулација, како и анти-ВЕГФ третман.

Диоптријата и цилиндерот пак, влегуваат во групата на рефрактивни грешки кои се корегираат со ласер и не се сметаат за очна болест. Поради тоа, ласерската корекција се вбројува во групата на естетски интервенции.
 
Пред самиот преглед за ласерска корекција на диоптрија, многу е важно да мирувате од носење на контакни леќи извесен период за да „се одмори“ рожницата на окото од леќите. Да се манифестира реалниот цилиндер односно формата на рожницата без притисокот од леќата. Лицата кои носат меки контактни леќи потребно е да мируваат мин. 3 дена пред закажаниот преглед, додека лица со полутврди или тврди контактни леќи мин. 7 дена пред прегледот. Во меѓувреме, може слободно да се носи очила. Лица кои носат само очила не мора да мируваат од очилата.
 
Прегледот временски трае од час до час и половина и се состои од:

  • Пополнување на прашалник за вашата општа здравствена состојба;
  • Задолжително читање на општите информации за ласерска интервенција;
  • Проверка на диоптрија, видна острина и очен притисок;
  • Снимање со пентакам (се прави 3Д анализа на окото и служи за воочување на одредени аномалии на окото за кои сеуште се немаат пројавено симптоми);
  • Ширење на зеници со капки за проверка на очно дно и објективна диоптрија.
  • Разговор со тимот за сѐ што ве интересира.

Откако ќе завршиме со сите анализи, проверуваме дали ги исполнувате сите критериуми и донесуваме одлука кое решение за отстранување на диоптрија е најсоодветно за вас.

Попуст на интервенција ласерска корекција на диоптрија

Самата интервенција трае само 5 минути од око, додека предоперативната подготовка трае околу 20 минути. Најпрво, повторно ви правиме проверка за да бидеме сигурни дека нема промена која може да влијае на интервенцијата и разговараме со вас за секој чекор од истата. Откако ќе се увериме дека сте подготвени за тоа што следи, ви капнуваме локална анестезија во форма на капки и ве носиме во оперативна сала.
 
Звучи страшно, така? Но, нема за што да се вознемирувате. Не чувствувате болка поради локалната анестезија, а во текот на интервенцијата си разговараме. Се се’ одвива толку брзо, што ќе имате впечаток дека додека сте легнале, треба да станете. По завршување на интервенцијата, ве носиме во ординација каде ве пречекуваат вашата придружба и одговорната медицинската сестра која детално ви го објаснува постоперативниот третман и ве испраќа дома само со очила за сонце.

Цената на интервенцијата ласерска корекција на диоптрија е со попуст 450 евра од око (редовна цена е 500 евра од око) до 30.09.2020 година.

Ласерска корекција на диоптрија во живо со Огнен Јанески