- На кои пациенти им се препорачува ласерска корекција?
Основни предиспозиции се пациентите да бидат на возраст над 18 години. Окото треба да биде здраво односно да нема други придружни заболувања, што детално анализираме на прегледот. Диоптријата треба да биде стабилна, а специфичните детали за секој пациент ги разговараме на прегледот, зависно од дијагностичките наоди.
- Колку време е потребно да се направи интервенцијата и колку трае постоперативниот период?
Самата интервенција трае петнаесетина минути за двете очи. Пациентот по зафатот си заминува дома со отворени очи, чувствува дека очите му се насолзени и во тек на следните неколку часови сликата станува јасна и стабилна. По интервенцијата, пациентот става терапија (капки) една недела. Во текот на првите 24 часа не треба да вози. Во текот на следните неколку недели треба да се избегнува прашина, триење на очите, напорни вежби или контактни спортови и пливање во базен.
- Дали може да се направи операција на двете очи истовремено?
Препорака е да се опериранаат двете очи истовремено, освен кога пациентот има диоптрија само на едното око или поради лична причина (страв) сака да го оперира едното око, па понатаму во втор темин другото.Од досегашното искуство, сите пациенти кои поради лични причини се одлучиле да не ги оперираат двете очи истовремено, заклучиле дека погрешиле.
- Дали пациентите со дијабет може да подлежат на ваква интервенција?
Дијабетесот не е контраиндикација за ласерска корекција на диоптријата. Предоперативниот преглед опфаќа детален преглед на ретината и ако најдеме дијебетичка ретинопатија сметаме дека третманот на истата е приоритетен и ласеркста корекција на диоптрија треба да се одложи. Ако ретината е здрава, немаме никава причина за одложување.