• Кои се симптомите на катарактата ?

Симптоми на катаракта се заматување на видот, губење на контраст и заблескување при јако светло. Може да се појави и двојна слика, чести се и проблемите при читање, гледање ТВ и возење. Катарактата може да биде последица и на траума, метаболички болести (дијабетес, галактоземија), лекови (кортикостероиди), а може да настане и како компликација на други очни болестии (увеитис, глауком) и да се појави заедно со други синдроми (на пр. Даунов синдром).

  • Зошто и кога треба да се оперира?

Катаракта или перде е една од најчестите очни болести кај лица во подоцнежни години. Катарактата се појавува кај околу 70% од лица постари од 75 години. Сепак, во последниве години имаме и доста помлади пациенти каде што сме дијагностицирале катарката. Таа е последица на природниот процес на стареење кој доведува до заматување на природната леќа во окото. Во некои случаи, кај почетната катаракта, видот може да се подобри со очила затоа што испакнувањето на леќата предизвикува миопизација (минус диоптрија), но со тек на времето и со напредувањето на заматувањето на леќата, очилата веќе не се корисни и единстевеното решение е операција на катаракта (перде).

  • Како напредната медицина влијае на квалитетот на животот на пациентите во подоцнежни години?

Со новите методи, што во нашата болница ги применуваме, нема потреба да се чека катарактата да созрее до степен да влијае на секојдневните активности и нормалниот живот на пациентот. Тоа значи дека пациентите во подоцнежните години, немора долго да бидат со ослабен вид. Тие со брза и безбедна интервенција може одлично да читаат, да гледаат ТВ и да возат.

Факоемулзификацијата е ултразвучна операција на катаракта со мал хируршки рез од 2,2 mm и вградување на мека интраокуларна леќа. Самата операција трае 7-10 минути по око, а постоперативниот период исто така е краток и брз. Кај пациентите многу брзо по операцијата се враќа нормалниот вид.

Во Систина Офталмологија, со оваа интервенција почнавме, уште пред десетина години. Сега методата е широко распространета. Покрај добро изведената интервенција, тука, многу важна е подготовката на пациентот. Пред се разговор за тоа како тој се чувствува, а потоа и прецизни мерења. Проверка на очното дно, точната калкулација на диоптријата заради добро и прецизно дефинирање на леќата. Некогаш тоа може да значи и неколку прегледи и мерења. Точната калкулација на диоптрија на интраокуларните леќи е многу важна за остар постоперативен вид, така што го користиме најмодерниот компјутерски апарат „IOL Master“ за калкулација на јачината на леќата.  Современите апарати, нам, на докторите, ни овозможуваат комплетна контрола на текот на операцијата, а окото претрпува минимална траума.

  • Зошто мултифокални леќи ?

Класичните интраокуларни леќи се монофокални леќи, кои, како што самото име кажува, имаат еден фокус и овозможуваат после операцијата да гледате добро далеку без очила, но мора да носите очила за блиску (или обратно, зависи од вашата желба за вид).

Мултифокалните интраокуларни леќи имаат два или три фокуси, и му овозможуваат на пациентот добар вид на различни далечини без очила. Најновата генерација на мултифокални леќи се трифокалните леќи, со кои освен што добивате добар вид на близу и далеку, ви овозможуваат и добар вид на средна далечина, што е многу значајно за пациенти кои многу време работат на компјутер.

Со помош на овие леќи, пациентите гледаат и функционираат нормално и без никакви помагала. Mожат да читаат , да се бричат или шминкаат, да гледаат во телефон и ТВ, да работат на компијутер, да возат автомобил, да спортуваат и да ги извршуваат секојдневните активности.

Д-р Златко Арнаудовски и Бојан Крижај

  • Кои се идеални кандидати за нив?

Некаде помеѓу 40-тата и 45 -тата година од животот, ви се јавува проблем при читање, пишување или работа на близина.  Го избегнувате текстот кој го читате, потребно ви е повеќе светлина и чувствувате замор или главоболка. Тоа е знак дека сте влезени во период на пресбиопија (старечка диоптрија). Тоа е природен процес на стареење на окото, особено кога природната леќа на окото ја губи својата еластичност и потешко ги фокусира објектите кои се на близина.

Ако дотогаш не сте носеле очила, ќе почнете да носите очила за читање.  Ако веќе сте носеле очила за далеку, сега добивате уште еден пар и за блиску.  Доколку, работите на компјутер и се наоѓа на средна далечина (помеѓу блиску и далеку), ќе ви требаат и трет пар на очила,  бидејќи очилата за близина ви се јаки, а за далечина ви се слаби за истата оддалеченост.

Во тие моменти, за да ги избегнете непријатностите и носењето на три пара очила, се прашувате што да правите и кое е вистинското решение за вас?

Тогаш сте идеален кандидат за имплантација на мултифокални леќи.