Целта на овој проект е да се зголеми свесноста за важноста на комуникацијата и искуството на пациентот во здравствената грижа, преку специјално дизајнирани курсеви и бесплатни информациски ресурси базирани на академски истражувања и најдобрите практики во здравствениот менаџмент. Наменет е за сите вработени во јавното и приватното здравство: менаџери, доктори, медицински сестри, администратори.

Преку своите содржини PLX академија им овозможува на своите корисници усовршување на нивните вештини и знаења во делот на комуникацијата со пациентите како и со колегите, зголемување на бројот на задоволни пациенти, напредок во нивната кариера, како и на организацијата во која работат. На крај и не помалку важно, PLX академија посветува големо внимание на грижата за себе и благосостојбата на вработените во здравството како еден од предусловите за позитивно искуство кај пациентите.