Систина Офталмологија е единствената очна клиника во Македонија која во континутет воведува новини во областа на катаракната и рефрактивната хирургија. Од ноември 2016-та година, започна со вградување на новите AcrySof IQ PanOptix трифокални интраокуларни леќи на Alcon.

AcrySof IQ PanOptix трифокалните леќи се наменети за возрасни пациенти кои сакаат да се ослободат од зависноста од очилата и/или контакните леќи.

„Потребата за едноставно и лесно извршување на секојдневните обврски како: читање книги, употреба на дигитални апарати, работа на компјутер и сл., без користење на очила за блиску и брзо прилагодување на нови промени, се причините поради кои ги воведовме и PanOptix во нашиот спектар на мултифокални интраокуларни леќи“- вели д-р Златко Арнаудовски.

Предноста на AcrySof IQ PanOptix трифокалните леќи е што овозможуваат јасен вид на блиску, средина и далеку, како и побрза адаптација на окото на промената на видот.

Овие леќи, во зависност од состојбата и потребата на окото за добар вид, се препорачуваат кај пациенти кои имаат катаракта и/или пресбиопија и кај пациенти кои не се кандидати за ласерска корекција на диоптрија.