„Кога луѓето имаат доверба, тие се посветени.  Кога се посветени, тие работат ефикасно. Кога работат ефикасно, се постигнуваат целите“ – Весна Чадо 

Реномираниот Оxford University Press и нивниот академски весник за квалитет во здравствената грижа, неодамна го објави истражувањето на д-р Весна Чадо – „Довебата како фактор за повисоки перформанси во здравството: Kовид 19, дигатилизација и позитивни искуства на пациентите“.

Истражувањето упатува на неколку аспекти на феномент на Доверба, кои влијаат на перформасите на болниците и квалитетот на здравствената грижа што го добиваат пациентите, во услови на дигитализација и пандемија. Истражувањето е базирано на последните светски практики во областа на здравствениот менаџмент, заедно практиките на Систина Офталмологија.

„Довербата меѓу луѓето  е суштински фактор за успешно работење на болниците. Само на основа на доверба, болниците може да остварат долгорочни релации со своите пациенти, вработените и пошироката заедница. На тој начин ја добиваат нивната посветеност, лојалност и позитивни човечки искуства“ – пишува д-р Весна Чадо.

Oxford University Press (OUP) е издавачка куќа на Универзитетот во Оксфорд. Таа е најголемата издавачка куќа во светот, а нивниот весник почнува со печатење од 1480 г.