оптичка илузија

Дали некогаш сте размислувале за оптиките илузии? Дали нашите очи прават трикови на нашиот мозок?

За да ги разбереме оптичките илузии мора да имаме во предвид дека илузиите влијаат на нашиот мозок, а не на нашите очи.

Визуелниот систем е составен од повеќе делови кои се движат

Иако најголема улога во гледањето на оптичките илузии имаат очите, тие се само една од компонентите на големиот визуелен систем кој вклучува повеќе различни делови како што се оптичкиот нерв, оптички хиазам, визуелниот кортех на мозокот и многу други.

Ние гледаме кога светлината ќе влезе низ очите и ќе се фокусира на ретината. Клетката во ретината ја претвара светлината во електричен сигнал кој потоа е пратен до мозокот преку оптичкиот нерв. Па, следува дека гледаме со нашиот мозок. Овој комплексен процес трае само една десeтина од секунда.

Оптичките илузии ја користат предноста на кратки патчиња на мозокот

Нашите очи преку ден примаат многу визуелни стимули. За да бидат сигурни дека нашиот мозок не е пренатрупан со визуелни информации, тие често одат по кратки патчиња, пополнувајки ги празните места или создавање на слика од претходно искуство.

Многу често ние не ги приметуваме овие промени. Нив ги приметуваме само кога гледаме оптички илузии. Оптичките илузии ја користат предноста на кратките патчиња и го залажуваат нашиот мозок, за сликата што ја гледаме да не биде истата како во реалноста. Оптичката илузија може да не залаже, но многу открива за тоа како работи нашиот визуелен систем.

Не дозволувајте вашите очи да ве лажат

Доколку некој ви покаже оптичка илузија и не можете да го следите нејзиното движење, односно е статична, потребен е задолжителен супспецијалистички преглед кој ќе го види задниот сегмент на окото и ќе открие каде е проблемот.

Ако нешто научивме од блогот е дека ништо не е како што изгледа. Истото важи и за вашите очи.

Прегледајте си ги вашите очи уште денес. Доколку не сте во можност да присуствувате физички, јавете се и закажете online консултација со нашите доктори или закажете термин преку нашата веб страна.