Окуларни мигрени се привремени визуелни промени кои може да го афектираат едното или двете очи. Окуларните мигрени најчесто се резултат на „активности на мигрената“ во визуелниот кортекс.

Причини за појава на окуларна мигрена

До денес не се знае која е причината за нивната појава, но се смета дека е поради спазм во крвните садови на ретината или пак поради промени на нервните клетки во ретината. Исто така, се зема во предвид и лични или фамилијарна историја со мигрена.

Симптоми на окуларна мигрена

Лицата кои доживуваат окуларна мигрена може да ги искусат визуелни симптоми во траење од 10 до 30 минути пред појата на мигрена.

Симптомите се во вид на:

  • Појава на „слепа точка“ која постепено се зголемува
  • Придружена од навидум треперливи светла или
  • Опкружена од брановидни или цик-цак линии

Некои луѓе опишуваат и психоделични слики.

Лицата кои имаат мигрена, може да искусат визуелна аура 10 до 30 минути пред да настапи мигрената. Симптоми на мигрената се:

  • Вкочанетост или трнење во рацете или лицето;
  • Зашеметеност;
  • Нарушено чувство на допир, вкус или мирис;
  • Слепа или заматена точка во видното поле.

Третман и превенција на окуларна мигрена

Иако навидум застрашувачки, окуларните мигрени се најчесто безопасни и се смируваат без терапија. Временски траат од неколку минути па се до половина час. Доколку возите или работите и искусите окуларна мигрена најдобро е да седнете, да одморите и да почекате да поминат симптомите.

Исто така, во случаи на почеста појава на визуелни симптоми, се советува преглед кај офталмолог со ширење на зеници за проверка на очното дно. Целта на овој преглед е да се исклучат други промени на ретината пропратени со светкање, што може да биде знак за одлепување на ретината.

Ако окуларната мигрена е резултат на стрес, се препорачува да се храните здраво во регуларни тајминзи, да правите вежби за редуцирање на стресот и добар сон.