Поради проширување на нашиот тим во градот Тетово, објавуваме оглас за вработување, со рок на аплицирање до 25.12.2021 на:

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК ВО CALL CENTER

Потребни квалификации:

-Завршено средно образование
-Искуство во работа со клиенти
-Развиени компјутерски вештини и
-Познавање на MS Office програмите

Одговорности и работни задачи:

-Водење на општи административни работи на пулт
-Прием на повици и закажување на прегледи на пациентите кај соодветниот доктор (Call Center)
-Прием, пречекување и внесување на пациенти во системот
-Водење на статистички податоци за закажаните прегледи
-Комуникација со пациенти за нивните потреби и укажување на помош
-Пратење на обуките за подобрување на ефикасноста на работењето
-Партиципација во маркетинг активностите врз база на претходно воспоставен маркетинг план

Личен профил:

-Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
-Одлични комуникациски и презентациски вештини
-Аналитички способности, упорни и енергични
-Професионален и позитивен однос
-Љубезност, учтивост и хуманост
-Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок
-Познавање на албански јазик ќе се смета за предност

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: kariera@sistinaoftalmologija.mk, со задолжителна назнака “За оглас за Административен работник”. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!