Дијабетесот или шеќерната болест е хронично заболување каде што постои пореметување на метаболизмот, не само на шеќерите, туку и на мастите и белковините. Таа е водечка причина за слепило и намален вид. Високото ниво на шеќер во крвта ги оштетува големите, но и малите крвни садови. Токму затоа најпогодени органи се очите.

Текот на болеста кај овие пациенти зависи пред сė од добрата регулација на шеќерот во крвта и од времетраењето на болеста. Ако се одржува добра контрола на гликемијата, промените на очите може да се одложат.

Пациентите со дијабетес честопати се жалат на:

  • постојано солзење;
  • чешање на очите.

Кај нив многу почесто доаѓа до заматување на леќата (катаракта). Најважна и секако најсериозна промена  на очите е  т.н. дијабетична ретинопатија.

Затоа треба да се правaт редовни прегледи и да се следи состојбата на очите.

Ретинолошкиот преглед опфаќа:

  1. Проверка на преден сегмент, определување на диоптрија (нова диоптрија, промена на диоптрија, проверка на скриен диоптер) и проверка на заден сегмент на окото (очно дно и очен нерв).
  1. Проверката на задниот сегмент се прави и со испитување таканаречено ОЦТ или оптичка кохерентна томографија кое воедно е и најважното испитување кај лицата со дијабет. Со ова испитување се снима структурата на жолтата пега (макулата), очниот нерв за да се открие дали има одредени недостатоци на таа структура, кои се невидливи при преглед со лупа како и состојбата на крвните садови во задниот сегмент на окото.

Ретинолошки преглед

Детална проверка на преден и заден сегмент и ОЦТ анализа.

3.500,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дополнителна дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.