Катаракта (перде) е заматување на природната леќа во окото, која се појавува како последица на природниот процес на стареење на нашето тело. Постојат повеќе типови на катаракта, од која визуелно најинтересна и најретка е типот на катаракта познат како „Новогодишна елка“.

„Стручно претставено, овој тип на катаракта е поврзан со забрзано разградување на денатурирани протеин како резултат на покачени нивоа на калциум во природната леќа, при што настанува процес на кристализација.  Оваа катаракта визуелно изгледа како елка со мали иглички (кристали) кои се во повеќе бои како црвена, зелена, сина, розова и златна.“ објаснува д-р Александра Гочева Јерчиќ, офталмолог во Систина Офталмологија во Битола.

Катарактата (перде) се решава исклучиво со операција. Истражувањата и доказите покажуваат дека се уште не постои природен лек за нејзин третман.

„Новитет во катарактната хирургија е процесот при кој освен што се отстранува катаракта (перде),  се корегира и диоптријата. При самата операција мора да се отстрани заматената леќа поради која на пациентот му е влошен видот. На нејзино место, во една многу кратка и едноставна и комплетно безболна процедура се вградува интраокуларна леќа. Овие леќи се доживотни, биокомпатибилни и со кои пациентот добива вид на две или повеќе растојанија.“ – д-р Златко Арнаудовски, офталмохирург во Систина Офталмологија во Скопје.

Пациентот, во зависност од видот на леќата за која е кандидат, можеби ќе има потреба да носи очила за блиску или пак, воопшто нема да носи.

Она што е сигурно е дека во иднина повеќе нема никогаш да развие катаракта (перде). Поради што самата операција е доста исплатлива. Воедно, кај повозрасните лица оваа операција е шанса за повторен јасен вид со што се враќа нивната самодоверба и слобода за извршување на секојдневните обврски.

Оваа тип на хирургија веќе извесно време се изведува во Систина Офталмологија, која што воедно е и единствената очна болница во државата која овозможува специјализација по офталмологија во Македонија.

Примената на новитетите во офталмолошката хирургија се особено значајни за добивање на ефективни резултати кои ќе овозможат многу краток период на закрепнување и одличен јасен вид на пациентите.  Специјализацијата и обучувањето на нови кадри овозможува предавање на клучно знаење, експертиза и искуство со кои што и понатаму ќе се овозможи најдобар и квалитетен третман на пациентите во нашата држава.