Д-р Фанка Гилевска учествуваше на стручниот состанок од затворен тип „CXL experts meeting” кој се одржа на 1 и 2 декември  во Цирих и на кој беа специјално поканети офталмолози од цел свет.

На состанокот, Др. Гилевска ја презентираше нејзината истражувачка студија  која опфаќа следење на 20 пациенти со кератоконус, по направениот крос линкинг, и како промените во кератометријата, пахиметријата и рожничното заматување, влијаат на видната острина.

На овој настан се дискутираше за третманот на кератоконус, а беше усвоено и дека Дрезденскиот стандарден протокол на крос линкинг дава најдобри резултати во третман на кератоконус. Како што вели Др. Фанка „Почнуваме да користиме предно ОЦТ кај секој пациент по третман со методата крос линкинг за одредување на демаркациската линија и нејзината длабочина.  Имаме можност да почнеме со работа со нови рибофлавини (витамин Б) кои содржат Металопротеиназа 9, со цел помала дехидратација на рожницата и поголема заштита на внатрешните структури на окото. Заклучивме дека кај деца поради природата на болеста, која се карактеризира со многу брза прогресија, не се препорачуваат скратени протоколи на работа и треба што побрзо да се пристапи кон третирање на кератоконусот со крос линкинг”.

Стручниот состанок во Цирих било прилика за специјалистите од цел свет да разменат идеи и предлози за безбеден третман на кератоконус кај тенки рожници, се разговарало и за појавата на кератоконус која е далеку поголема од она што е познато и дека за жал кератоконусот многу често поминува незабележан, третиран како цилиндер (астигматизам) и доцна се открива, со што и видната острина на пациентите е послаба. Поради тоа, офталмолозите од овој настан ја покренаа иницијатаивата за рано откривање на кератоконус кај млади и деца, “Light for Sight”, која на светско ниво има за цел да ја подигне свеста за кератоконусот и доведе до доволно рано откривање на болеста и адекватен третман. Беа разменети и искуства околу третирање на улкуси и инфекции на очите со крос линкинг методата, во случај кога немаат одговор на антибиотска терапија или во случај на тешки комбинирани бакертиско габични инфекции.

Со новите усвоени протоколи од стручниот собир „CXL experts meetinig” ќе се зголеми ефикасноста во третирањето на оваа болест, а специјалистите од Систина Офталмологија и понатака ќе присуствуваат на вакви стручни средби преку кои ги носат најновите трендови во офталмологијата и во Македонија. На тој начин, пациентите не мораат да одат во странство за да имаат квалитетна услуга бидејќи неа ја имаат блиску до нив, во Систина Офталмологија.