
Д-р Билјана Костовска и д-р Илир Османи учествуваа на VII-от Медитерански Ретина Состанок, кој се одржа во Дубровник од 08-11 август.
Дел од предавачите беше и д-р Билјана Костовска која допринесе со свое предавање на тема „Важноста на скрининг за тромбофилија кај младите луѓе со тромбоза на централна ретинална вена“ согласно истражувањата спроведени во Северна Македонија.
На состанокот меѓу колегите офталмолози, од Америка, Велика Британија, Индија, Хрватска, Јордан, беа споделени најновите сознанија во однос на третманот и хирургијата на болесите на ретината и витреусот.
Медитеранскиот Ретина Состанок се одржува секоја втора година за да се поттикне отворено споделување на идеи, техники и третмани за современата витреоретинална хирургија.