
Д-р Златко Арнаудовски и д-р Билјана Костовска присуствуваа на 37-от Конгрес на европското здружение на катарактни и рефрактивни хирурзи, кој оваа година се одржа во Париз.
Конгресот броеше дури 10.000 офталмолози кои беа дојдени од целиот свет и беа претставени најновите технолошки достигнувања во офталмологијата: третмани согласно последните истражувања во областа на рефрактивната хирургија и катарактната хирургија.
Интересна новина беше можноста офталмолзите да „третираат“ комплицирани и тешки случаи на очни состојби преку користење на 3D виртуелна реалност и роботика.