Нашите специјалисти офталмолози, д-р Фанка Гилевска и д-р Златко Чипуровски заземаа учество на вториот симпозиум “Аптекарска Здравствена Заштита на тема Дијабет – Смарт Фармацевт модул 2”, организиран од страна на “Здружението на приватни аптеки на РС Македонија.”

Д-р Фанка Гилевска, спец. офталмолог и хирург одржа предавање на тема “Офталмолошката манифестација на дијабетот на предниот сегмент”. За време на презентацијата, д-р Фанка зборуваше за дијабетичната ретинопатија, нејзиниот третман, превенција како и важноста од рана дијагностика. Дополнително, таа зборуваше и за усвојување на скрин програми со кои може да се дијагностицира дијабетичната ретинопатија во нејзината рана фаза.

Д-р Златко Чипуровски, спец. офталмолог, на симпозиумот зборуваше за Анти-ВЕГФ терапијата со која се лекуваат пациенти со дијабет на кои им била дијагностицирана  дијабетичната ретинопатија. Дополнително, д-р Златко зборуваше и за најновите светски терапии како и за најновите светски протоколи кои се практикуваат кај нас и во светот.

Симпозиумот започна на 01.04.2024 и траеше до 03.04.2024 во DoubleTree by Hilton, Скопје и имаше повеќе од 300 гости.

На симпозиумот, исто така беа дискутирани и следниве проблематики:

  • Насоки за лечење на дијабет,
  • Правилна практична примена на инсулин и орални антидиабетици,
  • Суплементација,
  • Превенција од компликации,
  • Проценка на ризик за појава на дијабет кај недијагностицирани пациенти,
  • Собирање и документирање на податоци,
  • Следење на пациентите,
  • Професионална комуникација со лекарите.