Најдобрите практики на Систина Офталмологија во услови на Ковид – 19 објавено заедно со студиите на медицинскиот универзитет на Станфорд, болницата Бостон и здравствениот систем Џон Хопкинс.

„Преку четирите модели кои содржат промени во организационата структура, грижата за вработените, комуникацијата со пациентите и социјалната одговорност, нашата болница успеа да обезбеди позитивни искуства за своите пациенти дури и во услови на криза.“ пишува д-р Весна Чадо во својата студија. Благодарност до реномираниот PXJ и Берил Институт.

Трудот Позитивно искуство на пациентите при грижа за очите во услови на КОВИД-19: студија случај од очната болница „Систина Офталмологија”, од нашиот извршен директор д-р Весна Чадо, беше објавен во реномираниот Patient Experience Journal, составен дел на Институтот Берил.

Целиот труд може да го прочитате на следниов линк: https://pxjournal.org/journal/vol7/iss2/