Добро познато е дека стареењето може да доведе до промени во функцијата на телото и оштетување на видот.

Вашата секојдневна исхрана може да влијае на вашето здравје на повеќе начини. Некои видови на храна се смета дека може да го забрзаат развојот на макуларната дегенерација, додека за други се вели дека позитивно влијаат кај пациентите со оваа очна состојба и го успоруваат развојот.

Доколку сте дијагностицирани со макуларна дегенерација, препорачливо е вашата диета да биде богата со овошје и зеленчук кои содржат зелени, портокалови и жолти пигменти и храна која обезбедува омега-3 масни киселини.

Според научни докажувања, се смета дека хранливите материи како што се витамините Ц и Е, каротеноидите, цинк и омега-3 масни киселините се важни за здравјето на видот поради нивните антиоксидантни функции и антиинфламаторни својства.

Стареечката макуларната дегенерација е делумно предизвикана од оксидативен стрес во мрежницата, како и од изложеност на УВ светлина. Лутеинот и зеаксантинот (два каротеноиди) имаат способност да ја филтрираат светлината и делуваат како антиоксиданти. Додатни истражувања покажуваат дека диетите со најмногу лутеин и зеаксантин укажуваат 25% помал ризик на развивање на макуларна дегенерација како и спречување на истата кај пациенти од 55-80 годишна возраст. Дополнително, истражувањата сугерираат дека придржувањето кон медитеранскиот исхрана исто така го намалува ризикот од прогресија на оваа очна болест.

Погледнете кои намирници се препорачува да се конзумираат, а кои намирници треба да ги избегнувате:

Продукти кои се препорачуваат:

Зеленчук – Брокула, карфиол, зелка, моркови, зелена боја, кељ, зелена салата, грашок, пиперки, компир, спанаќ и сладок компир.
Овошје – кајсии, авокадо, капини, боровинки, грозје, портокал, лимон, лимета, тиква и јагоди.
Јаткасти плодови и семиња – бадеми, ленено семе, семе од чиа, ореви, семки од сончоглед и кикирики
Намирници од цели зрна – житарки, овес,  киноа, просо и хељда.
Риба и морска храна (минимум два пати во неделата) – рак, остриги, туна, лосос, сардини и ракчиња.

Nutritious-food-that-are-good-for-the-eyes-overhead-shot-1024x823
unhealthiest-foods-on-the-planet_adobe-stock-joe-heroun

Продукти кои се препорачува да се избегнуваат:

Високо процесирана храна и шеќери – чипсови, крекери, колачи, крофни и торти.
Рафинирани јаглехидрати – тестенини со бело брашно (бел леб, пица, бурек, ѓеврек итн.) и бел ориз.
Пржена храна – помфрит, пржено пилешко и поховани јадења.
Месо со многу маснотии – црвено месо, плескавици, сланина и колбаси.

Дополнително, при готвење каде што користењето на зејтин е неопходно, се препорачува да се користи маслинов бидејки е богат со мононезаситени масни киселини кои според научни истражувања, се поврзани со позитивни влијанија на макуларната дегенерација. 

За повеќе информации, можните компликации и начинот на лекување на оваа очна болест, секогаш препорачуваме да закажете преглед и да посетите еден од нашите офталмолози, кој ќе ви направи комплетна дијагностика на вашите очи и ќе ви даде дополнителни насоки.