Конечно решивте ја направивте ласерската корекција на диоптрија и да се ослободите од контактните леќи или очилата еднаш засекогаш! Колку возбудливо! Но, пред да ја направите интервенцијата, потребно е да знаете неколку клучни работи.

За да не чувствувате трема или пак да не бидете исплашени пред ласерската корекција на диоптрија, важно е да бидете свесни што се случува за време интервенцијата, кој е процесот и што може да направите вие од ваша страна за да интервенцијата помине лесно и едноставно. Знаејќи ги овие неколку информации кои ќе ги споделиме со вас, ќе ви помогне да пристигнете во болницата смирени и подготвени за големиот ден.

Со вас споделуваме еден вид на краток водич за што препорачуваме да направите пред вашата ласерска корекција на диоптрија:

Пијте повеќе вода пред интервенцијата

Водата е клучна за функционирањето на секоја клетка, ткиво и орган во телото – фактот дека нашето тело е составено од 60% вода е доказ за тоа. Освен тоа, хидратацијата помага во заздравувањето и исфрлањето на токсини. Ласерската корекција на диоптрија може привремено да ги исуши вашите очи, па пиењето повеќе вода ќе помогне и ќе ја намали сувоста во вашите очи. По потреба, може исто така да користите и вештачки солзи.

Избегнувајте консумирање на алкохолни пијалоци или пијалоци со кофеин, бидејќи тие имаат дехидрирачки ефект врз телото и можат да ја влошат сувоста, што може да доведе до непријатност.

Избегнете нанесување на шминка

Шминката честопати е причина за бактериски инфекции па затоа офталмолозите препорачуваат да избегнувате шминка во периодот пред вашата интервенција за да го намалите ризикот од инфекција и особено на самиот ден, што би го искомплицирал процесот на заздравување. Вашата докторка ќе ви даде повеќе информации после колку време по интервенцијата би можеле повторно да почнете да нанесувате шминка.

Може ли да јадам пред Ласерската корекција на диоптрија? – Често поставувано прашање

За време на ласерската корекција на диоптрија не користиме општа анестезија туку само анестезија во вид на капки. Затоа, не е потребно да пристигнете во болницата со празен стомак на денот на интервенцијата. Баш напротив, офталмолозите препорачуваат да сте најадени пред самата интервенција. Доколку сте на некаква терапија или пиете лекови, во повеќето случаеви, ласерската корекција не претставува никаков проблем. Сепак, секогаш препорачуваме да разговарате со вашиот офталмолог за лековите кои ги зимате за да се осигураме дека истите не би претставувале никаква пречка во изведување на интервенцијата.

Нема повеќе контактни леќи – не пред, не за време и не по операцијата

Веќе веројатно знаете дека не можете да носите контактни леќи за време на операцијата. Но, дали знаете и дека носењето на леќите пред интервенцијата може да биде пречка во изведување на интервенцијата? Тоа е бидејќи вршиме детални снимања на рожницата и за релевантноста на корнеалната топографија, потребно е отстранување на леќите минимум 3 дена (за меки) или 7 дена (за тврди леќи), за да се опорави рожницата и одмори окото од леќите. Но не се секирајте, можете слободно без никаков проблем да ги носите вашите очила.

Бидете ментално подготвени

Најважно од се, е да бидете ментално подготвени. Како и кај традиционалните операции, пред ласерската корекција на диоптрија ќе ви се даде благ седатив за да се ослободите од стресот и да се чувствувате поошутени. Меѓутоа, за разлика од некои операции, за време на оваа интервенција вие ќе сте будни за да го контролирате вашиот поглед, така што вашето внимание е важно за време на процедурата. Најдобриот совет е да влезете во операцијата со љубопитност наместо страв. Ние ви гарантираме дека нема да почувствувате болка, па зошто да не влезете во операционата сала фасцинирани од тоа како вашиот вид ќе се промени засекогаш за само неколку минути?

Ќе ви биде потребна придружба

Иако ласерската корекција на диоптрија е лесна, брза и безболна интервенција по која веднаш може да си одите дома, сепак е потребно да имате близок пријател или роднина со вас на денот. По интервенцијата видот ќе ви биде малку матен, како да гледате под вода па затоа е препорачливо да имате придружба со вас, кој ќе може да ве однесе до дома.