Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

На кожата често се појавуваат различни дамки и некои од нив сигнализираат за веројатен внатрешен проблем. Ксантелазмата е точно таква промена која е појава на нарушување во организмот.  

Ксантелазма се масни наслаги на кожата на капаците кои не ги зафаќаат подлабоките делови од очните капаци.

Опис

Тоа се жолтеникави и лесно подигнати дамки на горниот и долниот очен капак. Почнуваат во внатрешниот агол на горниот капак, имаат тенденција да растат и да се слеваат, со што можат симетрично да ги опфатат капаците на двете очи. Различни се по димензии, достигаат над 1см во должина. 

Ксантелазмите само по себе не пречат на видот, не предизвикуваат болка, чешање, пецкање, дискомфорт. Никогаш не се претвораат во малигни, не се опасност за организмот, но и покрај тоа се сериозен козметички дефект.

  • Симптоми

Како да препознаете ксантелазма?

  • Плосната, жолтеникава дамка во неправилна форма
  • На допир е мека и без болка
  • Дамките со време се зголемуваат и се појавуваат на повеќе места
  • Најчесто се појавуваат на долниот и горниот капак на окото

Кандидати

Почесто се појавува кај женската популација. Жолтата боја е резултат од локално таложење на липиди и масни продукти.

Кај дел од пациентите нема никакви разлики во вредностите на масни супстанции во крвта, а кај други појавата на ксантелазми е директно поврзана со  високи нивоа на холестерол и триглицериди. Се среќаваат кај оние кои страдаат од дијабет, панкреатит, цироза на црн дроб. Исто така, влијание има и конзумацијата на мрсна храна и алкохол и прекумерна телесна тежина.

Интересно е тоа што дури и кога нивото на липиди се нормализира со лечење и диети кај ксантелазмите не настапува никаква промена. 

Имајте во предвид дека како што се случува ова таложење на липиди под кожата, исто, дури и во поголеми количини се трупа и околу крвните садови, особено оние кон срцето и мозокот.

Преглед

Се прави офталмолошки преглед за да се прегледа кожата околку самото око. На самиот преглед офталмологот може да побара од вас да се направи крвна слика со ниво на липиди за да се види дали е ксантелазмата настаната поради покачување на липиди.

Се прават и фотографии за да се следи резултатот пред и по интервенцијата. 

На самиот преглед разговарате со офталмологот за резултатот кој сакате да го постигнете од интервенцијата и колку е тој возможен во вашиот случај, односно реално што може да очекувате.

Предоперативна подготовка

Предоперативната подготовка трае околу 20 минути. Пациентите со хронични болести,  во зависност од терапијата која што ја примаат, имаат посебни подготовки за кои се информирани на денот на закажување на интервенцијата.

Подготовката ја започнува медицинската сестра при што се зема анамнеза. Се проверува крвен притисок и шеќер. Потоа во консултација со офталмологот доколку има потреба се прават дополнителни дијагностички испитувања.

Откако пациентот ќе биде целосно подготвен се внесува во операциона сала.

Тек на операција/интервенција

Корекција на ксантелазма е мала интервенција која временски трае оптрилика 20 минути. 

Се нанесува локална анестезија (капки) и постапката започнува со ексцизија на промената на кожата на капаците и ставање на конци. 

При интевренцијата пациентот е свесен и разговара со офталмологот.

Постоперативна нега

Првата контрола по корекција на ксантелазма е веднаш наредниот ден. Треба да се одмори 3 до 4 дена по интервенцијата. Следните контроли се за 7 дена, и потоа за 1 месец.

Во меѓувреме местото на интервенцијата се третира со антибиотски маст и капки, согласно насоките на офталмологот. Раната зараснува без да остави лузна.

Мерки на претпазливост

Ограничувањата по корекцијата на ксантелазма се привремени и не траат долго и секогаш се согласно препорака на хирургот.

Не треба да се допира и чеша местото на интервенцијата. Треба да се избегнува изложување на сонце, како и користење на продукти како производи за потемнување и парфимирани лосиони.

Во првите 3 дена по интервенцијата, треба да се избегнува миење на лице со обична вода и триење на окото. Особено е важно редовно и правилно да се користи пропишаната терапија.

Медицинскиот персонал е достaпен 24/7 за било каква консултација која е потребна по интервенцијата.

Цена

Пакетот вклучува: интервенција со локална анестезија, и три контроли.

Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.

Повеќе за начинот на плаќање може да проверите на актуелниот ценовник на Систина Офталмологијa.

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.400,00

Корекција на масни наслаги на очни капаци (ксантелазма)

18.500,00