
Бебиња
- Очињата се почувствителни на посмели бои и црно-бели шеми/форми;
- Видот на боја значително се подобрува во текот на првите 3 месеци по раѓањето;
- Можат да фокусираат дури по неколку месеци.
Обрнете внимание:
Доколку бебенцето има бел рефлекс/отсјај на очите (кој може да го забележите на фотографии), истото може да индицира на одреден очен проблем и затоа добро би било да посетите офталмолог. Додека црвениот отсјај на фотографиите е знак за здраво окце.

6+ месеци
- Очите треба да бидат целосно оформени и развиени;
- Можат да проценат длабочина и 3Д форми, но не можат да ви кажат – што е и нормално;
- Во ретки случаи можна е потреба од носење на очила после 1 година. До 1 година има време да се стабилизираат очните мускули, а доколку после 1 година не се стабилизирани, се прави очен преглед за препишување на очила.
Обрнете внимание:
После неколку месеци очите на вашите бебиња треба да бидат во можност да ве следат при движење во просторијата во која што сте. Можете да направите брза проверка – покријте го едното, па другото окото. Ако вашето бебе не сака едното око да му биде подолго време покриено од другото, може да укажува на проблем.

4+ години
- Во градинките најчесто, се прави очниот скрининг на возраст од 3 до 5 години. Доколку не е направен ваков скрининг и сте загрижени, добро би било да го однесете вашето детенце на офталмолог;
- Доколку детенцето има мрзливо око (амблиопија), третманот е најуспешен до 7 годишна возраст. Сепак, не се исклучува веројатноста и до 12 годишна возраст да се продолжи третманот;
- Кратковидоста во денешно време најчесто започнува помеѓу 6 и 13 години, т.е. за време на интензивниот раст кај децата.
Обрнете внимание:
Страбизам или мрзливо око се чести состојби и може да не се ни приметат дека ги има кај детето (особено мрзливо око).

Тинејџери
- Очите продолжуваат да растат и да се развиваат, затоа внимавајте на видот на вашето дете на секојдневна основа;
- Жалење од главоболки или чувство на уморни очи после училиште може да укажуваат на очен проблем;
- Голем дел од тинејџерите се кратковиди.
Обрнете внимание:
Децата кои се бават со спорт, носат очила, може да носат контактни леќи, но сепак, мора да одржуваат редовна хигиена за истите.

Можен очен проблем?
Обрнете внимание на овие знаци кај вашето дете, бидејќи може да укажат на очен проблем:
- Често триење на очите (особено кога се уморни);
- Често влажни очи;
- Седење преблиску пред телевизор или држење на книгите/објектите блиску до нивното лице;
- Покажување знаци на несмасност или пак, имаат слаба координација со рацете или очите;
- Се жалат на заматен или двоен вид и необјаснети главоболки;
- Ги превртуваат очите нагоре или го затвораат едното око кога читаат или гледаат телевизија;
- Избегнуваат да читаат, пишуваат или да цртаат;
- Го затвораат едното око кога одат надвор на силна светлина.
Доколку сте загрижени за здравјето на очите на вашето дете, направете очен преглед. Што порано се детектираат проблемите, толку подобро и поефективно може да се третираат.