Кратка биографија

 
 

Златко Арнаудовски е роден 1959 година во Скопје, С. Македонија.

Дипломира на Медицинскиот факултет, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во 1986 година. Во 1994 година специјализира офталмологија и се здобива со титулата – специјалист oфталмолог. Во меѓувреме, од 1988 година вработен e во Клиниката за очни болести во Скопје, а од 1991 година станува асистент по предметот офталмологија при Медицинскиот факултет.

Од 1998 година, своето знаење и искуство го надополнува како Шеф на кабинетот за болести на предниот сегмент на окото и кератопластика. Во 2007 година е Шеф на операциониот блок на клиника за очни болести, a во 2009 година е именуван за директор на Клиниката за очни болести во Скопје.

Од 2010 година, д-р Златко Арнаудовски се вклучува на тимот на „Систина Офталмологија“ како медицински директор и катарактен хирург.

Членство

 

  • Македонска лекарска комора;
  • Асоцијација на офталмолози на Македонија;
  • Член на Асоцијацијата на хирурзи за катаракта на Хрватска и Србија;
  • Европско здружение за катарактна и рефрактивна хирургија;
  • Здружение на источнa Европа за катаракта и рефрактивна хирургија и
  • Европско здружение на офталмолози.

Дополнителни едукации

Посетува многубројни едукации како во земјата така и во странство. Некои од нив се:

 

  • Стручно усовршување за хируршко решавање на заболувања на солзниот апарат и дакриоцисториностомија, Белград
  • 1995 година – Воведување на методот на дакриоцисториностомија на Клиниката за очни болести, Скопје
  • 2003 година – Стручно усовршување за хирургија на катаракта со метод на факоемулзификација Љубљана
  • 2004 година – Меѓународен сертификат за самостојно изведување операција на катаракт со метод на факоемулзификација и воведување на методот на Клиниката за очни болести, Скопје
  • 2005 година – Курс за ултразвучна дијагностика
  • Стручни престои на клиниките за очни болести во Белград, Љубљана, Милано, Будимпешта, Софија, Лисабон, Барселона, Варна, Венеција, Загреб и др.

Публикации и истражувања

Автор и коавтор е на над 50 научни трудови. Дел е од стручна редакција на книгите:

 

  • „Основи на Офталмологија“ од д-р Синтија А. Бредфорд и
  • „Клинички постапки при очен преглед“ од Ненси Б. Карлсон и Даниел Курт.

Учество на конфереции

Зема активно учество на национални и меѓународни конференции. Некои од нив се:

  • XXXIV Конгрес на Европско здружение за рефрактивни и катарактни хирурзи, Копенхаген 2016 година
    • Факоемулзификација: како да ја изберете вистинската интраокуларна леќа и зошто?
  • XXXV Конгрес на Европско здружение за рефрактивни и катарактни хирурзи, Лисабон 2017 година
    • Третман на конгенитална катаракта и резултати
  • Југоисточен Европски Офталмолошки Конгрес, Приштина 2019 година
    • Хируршки третман на катаракта со мултифокални леќи
  • VII Конгрес на педијатри со меѓународно учество 2019 година
    • Вродена катарактa