Видот веднаш по раѓање на бебето не е потполно развиен. Дури неколку месеци после раѓањето, видните дразби го започнуваат интензивниот развој на видот. Кога детето ќе наполни 3 години, родителите се тие кои се должни да го однесат своето дете на превентивен, односно рутински преглед на офталмолог, иако наизглед може да се чини дека се’ е во ред.
 
Родителите често знаат да кажат дека детето ги гледа дури и најситните трошки на тепихот, заборавајќи на фактот дека детето гледа со двете очи и затоа важно е да се испита видот на секое око поединечно. Исто така, само со преглед на видната острина не се одредуваат останатите аспекти на видот кои се исто толку важни за нормално, секојдневно функционирање на детето, особено во училиште. Тоа е на пример координација на очните движења, поставеноста на очното јаболко, можност за акомодација при гледање на близу, испитување на бинокуларен вид, присуство на страбизам и др.
 

Симптoми и знаци кои би требало да побудат сомнеж на очни болести кај вашето дете се:

 
– Бела зеница, кога детето не фиксира, т.е. не забележува и со погледот не следи предмети и играчки. Кога се криви едното или двете очи, го замижува едното око, наведнува глава кон рамо, прави спонтани, ритмички покрети на двете очи. Потоа, претерано солзење, црвенило на очи, често триење на очите, умор, главоболка (особено при читање), претерано доближување до ТВ.
 

Колку време трае офталмолошкиот преглед и што опфаќа?

 
Може да трае од 30 – 40 мин, па до 1 час и опфаќа:

  • Oдредување на монофокална видна острина, на далеку и близу
  • Тестирања за страбизам и стерео вид
  • Корекција на рефрактивна грешка ( диоптрија )
  • Ширење на зеници и одредување на објективна диоптрија
  • Комплетен преглед на преден и заден сегмент на окото.

На Одделот за деца и страбизам во нашата клиника, офталмолошкиот преглед е прилагоден за возраста на детето и истиот го правиме да биде забавен, интересен и едукативен.