Ревматоиден артритис е хронична воспалителна состојба која примарно ги опфаќа зглобовите на телото. Но, инфламацијата може да има и негативно влијание на останатите делови од телото, вклучувајќи ги и очите.

Окото, како што некои офталмолози го сметаат, е микрокосмос кој се наоѓа во мала топка. Секоја воспалителна состојба која го опфаќа колагенот (главната компонента на сврзното ткиво), како што е ревматоидниот артритис може да влијае на склерата (белиот дел од окото) и рожницата, кои всушност се целосно колагени.

Ревматоидниот артритис е автоимуна болест која може да се појави во било која доба од животот. Автоимуните болести предизвикуваат телото да ги напаѓа своите здрави ткива, како што се очите. Други форми на воспалителен артритис кои може да предизвикаат очни проблеми се:

  • реактивен артритис, кој е предизвикан од инфекција;
  • псоријатичен артритис;
  • анкилозантен спондилитис или артритис на рбетот и сакроилијакални зглобови;
  • Сјогренов синдром кој се карактеризира со суво око и суви усни.

Во зависност од типот на артритис, може да настанат различни состојби на очите.

Keratitis Sicca (познато како Синдром на суво око) доведува до недоволна важност на окото, поради што е можно да почуствувате пецкање или гребење, заматен вид, чести инфекции и зголемен ризик од ерозија на рожницата. Според истражувања спроведени од Фондацијата за артритис, жените имаат 9 пати повеќе шанса да заболат од синдромот на суво око ако имаат артритис за разлика од мажите со артритис.

Склеритис е воспаление на склерата (белиот дел од окото) и ја намалува дебелината на белката така што најмал удар може да предизвика расцепување на очната топка. Симптоми за оваа состојба се: црвенило кое веќе подолг период го имате, голема болка, чувствителност на светлина и можеби заматен вид.

Увеитис е воспаление на увеата ( васкуларниот дел на окото) кој се наоѓа меѓу ретината и склерата. Доколку забележите црвенило, болка, заматен вид , осетливост на светлина треба веднаш да реагирате. Ако оваа состојба не се контролира, може да доведе до губење на видот.

Ретинална васкуларна оклузија – ретината се состои од малечки крвни садови кои ја хранат со крв и кислород. Можно е да настане блокада на овие крвни садови и да почуствувате промени во видот. Ако е блокирана артерија тогаш најверојатно ќе имате наизменично губење и нормализирање на видот. Ако е блокирана вена, тогаш губење на видот е постепено.

Глаукомот е група на очни состојби кои заеднички го оштетуваат очниот нерв. Високиот притисок во внатрешноста на окото е една од причините за глауком, но и терапијата против артритис која влучува кортикостериоди може да контраиндицира појава на глауком.

Катаракта (перде) е кога ви се заматува видот и имате чувство дека гледате низ завеса (мрежа). Таа најчесто се појавува во старосната доба, но одредени воспалителни атритиси може да ја предизвикаат во секоја доба од животот. Најчесто катарактата се појавува кај лица кои имаат ревматски, псоријатичен или анкилозантен артритис.

Ако ви е дијагностициран артритис и имате промени во видот, најдобрата заштита е да се консултирате со офталмолог. Раниот третман може да спречи развивање на сериозни компликации на видот.

Совет за првичен преглед и/или дијагностика
во случај да имате иста или слична состојба:

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.000,00

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00

Предоперативен преглед на катаракта

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, ехо/биометрија, IOL master.

2.400,00