
Во 2015-та година, преку партнерството со најголемата универзитетска клиника „Свјетлост“, Загреб, технолошки го надградува и зголемува обемот на своето работење преку отворање на Одделот за рефрактивна хирургија со што овозможи решавање на сите проблеми со видот и кај оние пациенти кои сакаат повисок стандард, квалитет и комфор во своите животни навики.
Johnson & Johnson Vision, водечка светска компанија за офталмологија, и додели престижен статус на Клиниката Свјетлост – Центар за образование од областа на офталмологијата, со посебен акцент на рефрактивната хирургија, врвните интраокуларни леќи и најсовремените уреди во светската офталмологија.
Им честитаме за престижниот статус на Клиниката Свјетлост и им посакуваме голем успех во понатамошната работа.
